Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер ја поделија јавноста со нивниот бокс меч, но Ирецот доби и позитивни критики, покрај тоа што го загуби својот прв бокс меч во кариерата, иако тоа и не некоеголемо разочарување, бидејќи за противник го имаше непобедливиот шампион Флојд.
Мек Грегор беше нокаутиран во 10-тата рунда, а дури сега одлучи да открие какво предупредување добил од судијата пред почетокот на борбата. Популарниот „Ноториус/Озлогласен“ бил посебно предупреден дека во ниту еден случај не смее да употреби УФЦ потег во рингот, бидејќи во спротивно ќе заработи жестоката казна во висина од 10 милиони долари.
„Судијата ми рече дека ако во некој момент ја кренам ногата, ќе загубам еден поен. Го запрашав како ќе го направи тоа без претходно да ме предупреди, но ми објасни дека тоа ќе го направи по завршувањето на борбата. Сепак, беше посебно јасен за дисквалификација поради неправилен мој потег од УФЦ. Ќе требаше да платам казна од 10 милиони долари“, открива Мек Грегор.