10 медали за БЏЏ репрезентацијата на „Софија БЏЏ опен 2018“, Алексовска и Богдановска ги суредија момчињата (ФОТО/ВИДЕО)

Македонската репрезентација во бразилско џиу џицу освои 10 медали – 3 златни, 4 сребрени и 3 бронзени на силниот Меѓународен турнир „Софија БЏЏ опен 2018“, во Бугарија.

Нашиот состав го сочинуваа 14 натпреварувачи од „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“ клубовите од Скопје и Куманово.

Златни медали освоија:
1.Даниела Алексовска
2.Никола Петрушевски
3.Марко Петровски

Сребрени:
1.Надежда Василевска
2.Вања Милевски
3.Марко Ангелов
4.Стефан Пецевски

Бронзени медали:
1.Александар Колевски
2.Марко Панчевски
3.Ива Богдановски

Интересно е да се истакне дека нашите две репрезентативки Даниела Алексовска (12 години) и Ива Богдановска(10 години) се бореа во група со момчиња и двете забележаа голем успех. Ива победи две борби со зафат, а во финалната борба загуби и го освои сребрениот медал. Даниела ја доби полуфиналната борба за 15 секунди со зафат, а во финалето беше поуспешна од момче кое освои златен медал во друга категорија и со зафат дојде до златниот медал.

Успешен настап имаше и Никола Петрушевски кој со неколку победи ситгна до златниот медал.

„Сите натпреварувачи имаа групи со повеќе натпреварувачи (на пример кај најмалите имаше и по 18 натпреварувачи во една група), имаа повеќе победи, но за жал некој не се закити со уште по некој медал“. Истакнуваат од нашиот табор.

Финална борба на Даниела Алексовска ОВДЕ.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON