Бoксерскиот клуб Аперкат го слави 10-тиот роденден.
Аперкат е основан е од постарите членови на БК Скопје и за овие 10 години клубот има над 350 борби, со многу победи, но и порази, кога заслужени и кога незаслузени.
Во кратката историја на клубот е забележано дека првата победа за клубот ја забележал Кристијан Андреев- Кико.
Најголем успех на клубот е бронзениот медал на Гоце Јанески на Балканското првенство минатата година во Анталија-Турција.
Овој медал е од големо значење за македонскиот бокс, бидејќи пополни голем временски пост на балканските првенства околу 30 години, односно по славните олмпијци Аце Русевски и Реџеп Реџеповски Јанески и донесе медал на Македонија. Можеме да жалиме што тоа не освои посјајно одличје, ако нашиот боксер не беше повреден и беше во полна форма немаше да има проблем со репрезентативецот на Косово за пласман во финалето.
Но, Гоце освои официјален медал по последните одличја на Вели Мумин на европските првенства, бронзените медали од европските првенство во Пловдив (2006 година) и во Ливерпул (2008 година).
Јанески го освои и „Златниот гонг 2016“, а годинава во Лондон учествуваше и на квалификациите за Олимписките игри во Токио 2021 година, претходно на европско првенство и на Европските игри во Минск, Белорусија 2019.
Инаку, боксерите наклубот учествувале на: европски првенства, Европските игри, Балканско првенство, -Бенекс лига, Првата лига на Србија, Регионалната боксерска лига, квалификации за Олимпијада – Лондон, како и на многу меѓународни турнири за сениори, јуниори, кадети и деца.
На овие меѓународни турнири боксерите на Аперкат прогласувани за најдобри и најборбени боксери.
Клубот е основач на Меѓународниот турнир „Меч на шампионите“ под мотото „Тренирај со најдобрите, биди шампион“.
Знаењето на младите боксери им го пренесуваат Мирко Ристевски- Мице и Оливер Станков, во еден период и Алкесандар Арсовски, а во голема мерка се користат советите на легендата на македонскиот бокс Живко Дуковски.