Занимливости за џудото

Занимливости во врска со џудото:

  1. Џудото е втор најпопуларен спорт во светот по бројот на луѓе кои го практицираат професионално или како хоби.
  2. Џудото и џудистите се прогласени за национален спорт и спортист број 1 во многу држави во светот. Како пример е Франција, каде во 1998 година за „Најдобар спортист“ беше прогласен Давид Дулиет, иако истата година Франција беше светски првак во фудбал на чело со капитенот Зинедин Зидан кој, пак, е носител на мајсторски црн појас во џудо.
  3. Џудото е прогласено за најкорисен спорт за деца и млади од 7 до 22 годишна возраст!!!
  4. Фудбалскиот клуб Ајакс од Холандија, кој пред неколку години имаше најдобра фудбалска школа во светот, во рамките на своите тренинзи имаше воведено 1 тренинг неделно задолжително џудо.

Во денешно време оваа пракса ја имаат скоро сите големи европски клубови и тоа не само во фудбал, туку и во другите спортови, особено во кошарката!

  1. Џудото е единствениот спорт во светот со чие практување рамномерно се развиваат сите психофизички и моторички способности, што претставува одлична предиспозиција за занимавање со било која друга спортска дисциплина или пак само заради одржување на добро здравје како и добра градба и изглед на телото.
  2. Џудото е најкорисна вештина и во реалните борби. Тоа е темел на секој успешен УФЦ-борец, но и основа на сите боречки вештини кои се вклучени во обуките на специјалните единици на полицијата и армијата во целиот свет.

Пишува: М-р Дејан Мицкоски, лиценциран џудо тренер А категорија, носител на мајсторски појас 4 дан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО