Значењето и важноста да се занимавате со боречките спортови!

538

Да се занимавате со боречките спортови под соодветна професионална и стручна контрола кај децата доведува до:

  • правилен раст и развојна коските и мускулите
  • развој на моторички способности и координација на движење
  • зајакнување на одбранбените способности на вашето тело
  • подобрување на циркулацијата
  • подобрување на размена на материи во организмот (метаболизам)
  • ефикасно елиминирање на штетните материи во организмот
  • правилнo формирање и созревање на личноста кај децата.

Преку изборот да се занимаваат со боречки вештини кај децата дополнително придонесува за:

  • самодоверба
  • издржливост
  • дисциплина
  • самоконтрола
  • чувство за правда
  • почит кон себе и другите
  • здрави животни навики.

Вклучувањето на децата во ваква организирана спортска активност, особено оние кои се занимаваат со боречки вештини го намалува ризикот и од:

  • социјално-патолошки појави
  • криминално однесување
  • проституција
  • конзумирање на алкохол
  • конзумирање на опојни дроги
  • и уште многу други девијантни појави.

Пишува: м-р Дејан Мицкоски – тренер 2 дан во ЏК Сеишин