Златен медал за Сара Трпковска на онлјан турнирот од Светската серија на Спортдата

227

Сара Трпковска на Меѓународните онлајн карате турнир од КК Фунакоши Гичин од Скопје го освои првото место.

Таа на онлајн турнирот од Светска серија на Спортдата одржан меѓу 23-27 април 2021 година, во категорија ката У-14 или помлади кадети, Сара го освои прво место помеѓу 32 натпреварувачки во нејзината категорија.
На патот до златото Сара издвојува победи во пет меча и тоа против натпреварувачки од Велика Британија, Австрија, Доминиканската Република, Канада и Унгарија. Во финалето со катата „гоџушихо даи“ славеше против Унгарката Лили Лошчеи сонајвисоката оценка од 24,4 во нејзината категорија.

Патот на Сара до финалето и првото место може да го видите ТУКА.