Златен медал за Александар Неделковски на „Купот на Плевен“ во Бугарија (ФОТО)

179

Александар Неделковски од Металург го освои првото место во кати на Меѓународниот карате турнир „Купот на Плевен“ во Бугарија.

Златото на Неделковски е од огромно значење, бидејќи поради епидемијата на коронавириусот сите активности во карате спортот во нашата земја згаснаа од март.

Неделковски во Бугарија отпатува со ПЦР тест, задовлувајќи ги условите на земјата домаќин.

Во оваа конкуренција Неделковски се претстави со две кати кои по изведбата се разликуваат од другите натпреварувачи.

Тренерот Ламбро Никовски има место за здоволство.

Филип Несторовски го освои петото место во борби, но во отворена категорија, што е исто така добар резултат.

Ipon.mk