Жермел Шарло успешно го мина големиот тест Деревјанченко (ВИДЕО)

55

Џермел Шарло со едногласна одлука го победи Сергеј Деревјанченко. На Американецот му требаше сериозен тест за да се потврди како врвен борец во средна категорија и го помина успешно.

Шарло ја задржа светската титула на ВБЦ, нанесувајќи му го третиот пораз во кариерата на опасниот Украинец.

Настапот на шампионот беше на многу високо ниво и кај никого не остави сомнеж кој е победник на мечот.

„Го направив мојот тим горд, тоа е моја работа“, рече Шарло во моментите по победата. „Ги следев тактичките упатства. Мило ми е што го направивте тестот и да видиме што ќе се случи понатаму“.

„Знаев дека ќе биде тешко. Знаев дека тој дојде да се бори. Не му дозволив да го покаже своето најсилно оружје, па победив“, додаде Жермел.