Волкановски верува дека ќе го нокаутира Холовеј

141

Александар Волкановски не е загрижен за евентуалниот реванш со Макс Холовеј. 31-годишниот австралиски борец со македонско потекло успеа во декември да го детронизира Холовеј со победа во пет рунди. Волкановски го освои појасот во перо категорија и ја прекина доминацијата на Хаваецот. Александар влезе во серија од 19 последователни победи, од кои 8 беа во УФЦ.

„Александар Велики“ требаше да се сретне со Холовеј во јуни во Австралија, но поради коронавирусот УФЦ, веројатно, ќе треба да ги промени плановите. Волкановски е подготвен да замине на островот каде што планира УФЦ да ги одржува идните настани. Шампионот е уверен во своите способности и верува дека 100 отсто ќе го нокаутира Холовеј и во втората борба.

„Немавме потпишано за битката, но сигурен сум дека тој ќе беше задоволен како што бев и јас. Не знаеме што се случува, но не изгледа добро. Не сакам да зборувам за средбата, затоа што не знам што ќе се случи, но бевме блиску. Знам дека сакав оваа борба да биде во Австралија. Сè уште мислам дека тоа е најголемата борба за мене и за категоријата.

Мислам дека ова е најголемата борба за УФЦ во Австралија и можеме да ја направиме до крајот на оваа година. Мислам дека навивачите таму го заслужуваат тоа. Макс беше одличен шампион и повторно ќе се докажам пред моите навивачи. Тој е голем борец и го почитуваме. Верувам дека дефинитивно ќе го нокаутирам во втората битка.

Го победив на првата средба и испратив порака. Сто отсто верувам дека ќе победам со нокаут во вториот меч. Ако ова е точно со островот, тогаш сум подготвен да одам таму и да се борам. Дајте ми малку време таму да се подготвам со мојот тим. Не знаеме што ќе се случи“, изјави Волкановски.