Во Русија ќе прават галавечер во чест на Абдулманап (ВИДЕО)

64

Непоразениот шампион во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ќе биде гостин на ММА галавечерта во Русија во спомен на неговиот татко.

На почетокот на минатиот месец легендарниот Абдулманап Нурмагомедов почина по долгата битка со многу здравствени проблеми и коронавирусот. Абдулманап успеа да изгради многу шампиони кои се успешни во кафезите на разни организации. Тој беше еден од најпочитуваните тренери во Русија.

На галавечерата ќе има 14 меча и ќе биде организирана заедно од промоциите на ФНГ и ГФЦ. Ако се оди според планот, настанот ќе се случи на 9 септември во Москва. Камил Гаџиев, кој е претседател на ФНГ, рече дека Хабиб ќе биде гостин и ќе го следи настанот во живо. Во главната битка ќе се борат Даурен Ермеков и Владимир Минеев, а залог ќе биде титулата во средна категорија.