Владимир Јовановски беше дел од големиот Карате-до семинар на ЈКА во Германија

228

Македонскиот карате мајстор, сенсеи Владимир Јовановски, кој е претседател и главен инструктор на ЈКА Македонија и Центарот за јапонски боречки вештини Бушидо Доџо, учествуваше на голем меѓународен карате семинар од 6 до 8 март во Бад Камберг, Германија, односно Карате-до семинар со сенсеи Нака Тацуја, носител на мајсторски појас 7 дан од Јапонската карате асоцијација – ЈКА.

„На семинарот се вежбаа кихон техники за користење на енергија од целото тело, кати со бункаи или апликација во реална борба, хеиан јондан, канку даи, канку шо, хеиан нидан и басаи даи, како и примена на вежбаните техники во договорени борби кихон ипон и џиу ипон кумите, слободни борби џиу кумите и реални борбени ситуации“, вели Владимир Јовановски, при што е опфатена и зен медитацијата зазен која се изведува во седечка положба сеиза.

„Целта на обуката беше оспособување за борба во секаква ситуација, преку правилна поставеност, дишење и движење на сите делови од телото како целина, како и правилна состојба на умот и духот“, нагласува сенсеи Јовановски.

Покрај сенсеи Владимир Јовановски од Македонија и домаќинот Германија, на семинарот учествуваа околу 220 каратедоки од Русија, Србија, Хрватска, Франција, Романија, Аргентина и други земји.

„На наше големо задоволство, Сенсеи Нака Тацуја ја прифати нашата покана да дојде во Македонија во 2021 година и да одржи семинар за Карате-до како боречка вештина за реална борба“, истакна Јовановски.

Ipon.mk/ В.Д.