Вива Лас Вегас – слободна територија за бокс и за УФЦ

76

Ѕвездите на боречките спортови, боксот и на УФЦ од викендов се враќаат во Лас Вегас. Ова се должи на одлуката на комисијата за спорт на Невада да ја укине забраната за одржување настани во боречките спортови. Сите борби ќе биде без публика.

Првиот ММА настан ќе се одржи веќе в сабота, тоа ќе биде УФЦ борбата меѓу Тајрон Вудли и Гилберт Брнс. Првиот бокс меч е закажан за 9 јуни. Овие вештини беа под суспензија од 14 март, период во кој беше запрен речиси целиот спорт во светот. УФЦ веќе одржа три борби зад затворени врати во Џексонвил на Флорида.

Борбите во Лас Вегас ќе бидат под строги протоколи за да биде лимитиран ризикот од ширење на коронавирусот. Последна голема борба пред затворањето на градовите и на државтие, во Лас Вегас во февруари беше пресметката меѓу Тајсон Фјруи и Дионтеј Вајлдер.