Викторија Варадинова го помина мерењето, утре е пресметката со Милјанчевиќ (ФОТО)

1101

Викторија Варадинова успешно го помина мерењето за професионалниот меч во К1 на кик бокс спектаклот во Нови Сад на „Купот на нациите“. Пред утрешната борба со светската првенка Наџа Милјанчевиќ, Вардинова тежше точно 58 килограми.

На соочувањето противничките остро се гледаа, но остана жестината да ја покажат во рингот. Вардинова е подготвена за реванш. Тоа го истакна нејзиниот тренер Дејан Митровски – Урко, а и таа самата.

„Очекувам победа на Викторија Варадинова на мечот со Наџа Милјанчевиќ која е искусен борец. Верувам дека Викторија ќе извојува победа, бидејќи напорно работеше со месеци наназад во овој коронавирусен период, кога ништо нормално не функционира во нашава земја, но и во светот“, ијзави претходно тренерот Дејан Митровски – Урко за Ипон.мк.

„За оваа борба се подготвува скоро еден месец. Со мојот тренер Дејан Митровски-Урко направивме тактика како да донесеме победа за нашата држава. Бидејќи оваа борба ќе ми биде втора борба со мојата противничка, добро познавајќи ја каков борец е, т.е. фајтер, и сака чиста и отворена борба. Се подготвив и очекувам добар резултат, бидејќи тој стил на борба ми одговара. Иако сум исцрпена поради намалувањето на килажата за да влезам во нејзината категорија и да и се реванширам за поразот на Светското првенство. Сепак, се чувствувам подготвена и доволно мотивирана да ја претставам нашата држава во најдобро светло. Исто така се надевам дека после долгомесечната пауза поради коронакризата ова ќе биде добар старт за низа победи и за предизвициве во иднина што следат“, рече Варадинова.

Резултати и титули на Варадинова:
-Државен првак 6 години (2014-2020) во (к1, лоу кик, кик лајт, ММА и мај тај)
-Повеќе од 70 први места на меѓународно ниво во К1, лоу кик и кик лајт.
-5 пати – 1 место на Европски куп во к1.
-2 место на Европски куп
-2 место на Светски куп
-2 пати – 2 место на Балканско првенство во лоукик и киклајт.
-3 место на Европско првенство во лоу кик.
-3 место на Светско првенство во К1.
– Професионални борби 1
Вкупно борби:120 – 90 победи и 30 порази

Резултати на Наџа:
-Повеќекратен државен првак на Србија
– 2 пати – Балкански јуниорски шампион
– 2 пати – Европски јуниорски шампион
– 2 пати – Светски јуниорски шампион

Борбена карта:
Алекса Гуша – Андрија Јанковиќ (-67 кг)
Александар Милошевиќ – Никола Совиљ (-71 кг)
Наѓа Милијанчевиќ – Викторија Варадинова (-58 кг)
Никола Миjковиќ – Јован Радовановиќ (-88 кг)
Јован Николиќ – Алмин Хоџиќ (-73 кг)
Љубо Јалови – Милош Бајовиќ (-81 кг)

Ipon.mk