Весели освои злато, Мојсовска и Спасеновски сребра, Илиевска, Костовска, Ацковски и Заборски бронзи на „Кроација опен“

1038

Македонските каратисти со променлив успех на силниот Меѓународен карате турнир „Корација опен“ во Риека, Хравтска, Фаик Весели од Олимпик спорт освои златен медал во категоријата до 60 килограми, Ангела Мојсовска (Макпетрол) сребрен во отворената/ апсолутна категорија, Ивана Илиевска (-55 кг, Металург) и Ацковски Роберто (-67 кг, Макпетрол) бронзи, во апсолутна категорија Петар Спасеновски сребро, а Петар Заборски бронза.

Бронзен медал освои и Вероника Костовска од Олимпик спорт во апсолутна категорија.

Многу ќе жали Глигор Петков (Макептрол) во категоријата до 84 килограми, бидејќи и борбите и за финалето и за бронзата ги загуби на изјаснување, кои завршија 0-0 во регуларниот дел.

И Викторија Јовановска (Макпетрол) имаше забележителен настап, но во клучните борби е поразена.

На турнирот настапуваат 1378 натпреварувачи со 1703 настапи од 233 клуба од Европа. Утре продолжуваат борбите во другите конкуренции.

Иако Емил Павлов и Жарко Арсовски беа пријавени и жребувани, сепак, тие не отпатуваа на Кроација опен.

Резултати
Сениори
-55 кг
Ивана Илиевска (Металург) – Лаура Тори (Унгарија) 1-0
Ивана Илиевска (Металург) – Софија Барањи (Унгарија) 1-3
Репасаж
Ивана Илиевска (Металург) – Тихана Шулек (Хрватска) 3-1
За бронза
Ивана Илиевска (Металург) – Ивана Каменова (Бугарија) 2-0

-61 кг
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Марија Мурковиќ (Хрватска) 3-1
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Луција Батаија (Хрватска) 3-0
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Жужана Шулаи (Унгарија) 3-1
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Ана Ленард (Хрватска) 2-3
За бронза
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Тамара Живковиќ (Србија) 0-3

Вероника Костовска (Олимпик спорт) – Петра Нуиќ (Хрватска) 1-3

-68 кг
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Деси Рубини (Италија) 8-2
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Ивана Галиќ (Хрватска) 0-1

+68 кг
Симона Симовска (Олимпик спорт) – Лора Цилер (Австрија) 0-3

Отворена/ апсолутна категорија
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Паулин Бонжур (Швајцарија)
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Луција Борот (Швајцарија) 3-0
Финале
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Ана Хирт (Швајцарија) 4-5

Вероника Костовска (Олимпик спорт) – Валентине Пич (Швајцарија) 0-0
Вероника Костовска (Олимпик спорт) – Гина Борот (Швајцарија) 8-0
Вероника Костовска (Олимпик спорт) -Ана Хирт (Швацарија) 3-4
За бронза
Вероника Костовска (Олимпик спорт) – Диелза Сеидијај (Косово) 7-0

-60 кг
Фаик Весели (Олимпик спорт) – Давид де Фалко (Италија) 0-1
Фаик Весели (Олимпик спорт) – Андраш Киш (Унгарија) 2-0
Фаик Весели (Олимпик спорт) – Милош Радојевиќ (Србија) 0-0
Финале
Фаик Весели (Олимпик спорт) – Марсел Сабо (Унгарија) 5-1

-67 кг
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Давид Гахан (Италија) 1-0
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Васил Ривов (Бугарија) 5-0
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Боран Берак (Србија) 0-1
За бронза
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Ром Гаиги (Унгарија) 2-0

-75 кг
Петар Заборски (Макпетрол) – Шалев Гајги (Израел) 1-1

-84 кг
Глигор Петков (Макпетрол) – Зденк Ванка (Словачка) 0-8
Глигор Петков (Макпетрол) – Ерман Садиковиќ (Австрија) 5-0
Глигор Петков (Макпетрол) –  Александар Калабиќ (Хрватска) 1-0
Глигор Петков (Макпетрол) – Тибор Хидаси (Унгарија) 0-0
За бронза
Глигор Петков (Макпетрол) – Анте Мрвичиќ (Хрватска) 0-0

Виктор Крстевски (Металург) – Фабио Мазолени (Италија) 0-0
Виктор Крстевски (Металург) – Ади Гјурик (Словачка) 0-0
Репасаж
Виктор Крстевски (Металург) – Симеон Стојчев (Бугарија) 3-4

Петар Спасеновски (Макпетрол) – Емил Садиковиќ (Австрија) 0-0
Петар Спасеновски (Макпетрол) – Иван Квесиќ (Хрватска) 0-0

Отворена/ апсолутна категорија
Петар Заборски (Макпетрол) – Јан Брезочник (Словенија) 1-4

Петар Спасеновски (Макпетрол) – Кеану Сатин (Швајцарија) победа
Финале
Петар Спасеновски (Макпетрол) – Јан Брезочник (Словенија) победа на Словенецот

За бронза
Петар Заборски (Макпетрол) –Арбен Пјетрај (Швацарија) победа на Заборски