ВБЦ ги соопшти Топ 10 боксерите на сите времиња

268

Раководството на Светскиот боксерски совет – ВБЦ ги посочи имињата кои историски се над сите во тешка категорија. Колегите од World Boxing News го објавија списокот, кој се ажурира за одреден временски период. Воочливо е што Дионеј Вајлдер е го нема, иако ја држеше круната на организацијата 5 години. Американецот беше шампион во периодот 2015-2020 година, но се чини дека ова не е доволно за да се биде меѓу најголемите.

И актуелниот шампион Тајсон Фјури не е меѓу Топ 10. Во секој случај, ако Британецот ја одбрани титулата и си ги додаде појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во мечот со Ентони Џошуа, тоа ќе се промени. Сосема очекувано, на врвот е најголемата легенда во тешка категорија – Мухамед Али. Тој е ставен на врвот за сметка на Мајк Тајсон и последниот апсолутен светски шампион – Ленокс Луис.

Вкупно 26 боксери го освоија појасот во тешка категорија ВБЦ во претходните години. Сепак, само петмина успеаја да си ја вратат титулата откако ја загубија – Али, Тајсон, Луис (два пати), Хасим Рахман и Витали Кличко.

ТОП 10 НА ВБЦ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Мухамед Али (САД)
Мајк Тајсон (САД)
Ленокс Луис (Велика Британија)
Лери Холмс (САД)
Ивандер Холифилд (САД)
Џорџ Форман (САД)
Џо Фрејзер (САД)
Витали Кличко (Украина)
Сони Листон (САД)
Кен Нортон (САД)