Варшава од утре е домаќин на Европското првенство во борење, Македонија со четворица борачи

185

Европското првенство во борење започнува во понеделник (19 април) во Варшава. Главниот град на Полска ќе биде домаќин на некои од најистакнатите спортисти на Стариот континент, додека други ќе продолжат со подготовките за решавачките Светски олимписки квалификации во Софија (6-9 мај).

И покрај отсуството на некои од големите имиња, во Варшава ќе видиме дури 16 актуелни шампиони кои го достигнаа врвот во Рим пред една година. Седум од нив ќе бидат во женска конкуренција, пет во слободен стил и четири во грчко-римски стил.

Во слободен стил ќе ја видиме ѕвездата на Грузија Џено Петријашвили (125 кг), Италијанецот Френк Чамизо (74 кг), Артур Наифонов (Русија, 86 кг), претставникот на домаќините Магомедмурад Хаџиев (70 кг) и Сулејман Карадениз (Турција, 92 кг).

Европското првенство ќе се одржи од понеделник 19 до 25 април. Македонија ќе ја претставуваат четири борачи во слободен стил и тоа: Могамедгаџи Нуров, Владимир Егоров, Дејан Митров и Елмедин Сејфулаху.