Вардар поразен од Подгорица – Александар Најдовски оштетен во тешкашката пресметка

787

Вардар претрпе тежок пораз во второто коло на Регионалната бокс лига од Подгорица. Единстевната победа вардарци ја оставрија со службен резултат, бидејќи Подгорица немаше боксер во категоријата до 56 кг каде што наш претставник беше Луар Алиу.

Сепак, се чини дека Александар Најдовски е тешко оштетен во мечот со Милорад Пуриќ во категоријата до 91 кг, затоа што загуби со поделена одлука од 3-2. Од снимката што можеше да ја погледнеме Најдовски ја заслужи победата.

„Кога го оставаш срцето во рингот секогаш си победник никогаш пораз! Ти благодарам Господе! Ви благодарам фамилијо моја за подршката“, напиша на Фејсбук по борбата Најдовски и проложи снимка.

Иако се чини дека Лама загубил убедливо, борбата не го покажува тоа.

Подгорица – Вардар 2-18

Јуниори

56 кг Лука Гачевиќ – Ален Рустемов 2-0 (ТКО, Р1)

64 кг Ѓорѓе Смоловиќ – Давид Ѓоргокески 2-0 (3-0)

Сениори

56 кг ? -Луар Алиу 0-2

60 кг Един Алковиќ – Дрилон Арифи 2-0 (5-0)

64 кг Никола Лазаревиќ – Јасин Лама 2-0 (5-0) 

69 кг Патриот Бехреми – Алим Насуфи 2-0 (4-1)

75 кг Стефан Савковиќ – Лео Јовановски 2-0 (5-0)

81 кг Милован Секуловиќ – Милош Терзиќ 2-0 (5-0)

91 кг Милорад Пуриќ – Александар Најдовски 2-0 (2-3)

+91 кг Дмитрије Милиќ – Аријан Пачаризи 2-0 (ТКО, Р3)

Распоред на 2.коло:

Група А

Подгорица – Вардар Скопје 2-18
Лозница – Железничар Сараево 16-4

Група Б

Радник Бјелина – Марибор 16-4
Црвена звезда Белград – Витези Загреб 12-8