Варадинова: Намалувањето на килажата не ми влијаеше добро, а искуството на противничката пресуди

1784

Очекував дека ќе можам да се држам со мојата противничка, но, сепак, се испостави дека намалувањето на килажата не ми влијаеше добро, иако бев убедена дека ќе можам да и донесам победа на нашата држава“, изјави Викторија Вардинова по професионалниот мечо со Наџа Милајнчевиќ во К1 до 58 килограми на „Купот на нации“ во Нови Сад, Србија, кој го загуби со прекин во третата рунда.

„Сега впечатоци по борбата ми се дека морам да се вратам во сала и да работам на експлозивноста и агресијата во рингот. Сепак, искуството на мојата противничка беше пресудно. Најважно ми е дека немам некоја посериозна повреда и ветувам дека следната борба ќе се претставам со подобра подготвеност и техника“, изјави Варадинова за Ипон.мк.

Ipon.mk