Валуев за Џошуа-Пулев: Разврската ќе се случи во петата или шестата рунда

656

Николај Валуев даде интересна прогноза за мечот за светските титули во тешка категорија. Поранешниот светски шампион во тешка категорија очекува мечот да заврши во корист на шампионот на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Ентони Џошуа.

„Кога сè ќе заврши, секако зависи од Џошуа. Мислам дека исходот ќе дојде некаде на средина – во петата, шестата рунда. Тешко дека ќе може да ги гледаме сите рунди. А, сепак, Кубрат Пулев, и покрај фактот што боксираше релативно долго време, не се сретна со оние ривали што ги победи Џошуа. Очекувам интересна битка“, рече сегашниот пратеник од 213 сантиметри во руската Дума.

Валуев исто така потсети на поразот на „Еј-Џеј“ од Енди Руиз, но додаде што доби англискиот боксер од тоа.

„Сите добро се сеќаваме како Ентони Џошуа се врати со празни раце по мечот со Енди Руиз. Се разбира, поразот од Максиканецот додаде интелигенција и сè друго што го видовме потоа во арсеналот на Британцот. Тој ослабе многу, започна да се движи подобро и во исто време не го загуби топовскиот удар. Се сеќаваме дека десното кроше на Џошуа, повеќе од еднаш ги испрати неговите противници на подот. Најверојатно, против Пулев, тој уште еднаш ќе ја демонстрира моќта на десницата “, заклучи Русинот.

Николај Валуев ја заврши професионалната кариера со вкупно 50 победи (34 со нокаут) и 2 порази (од Руслан Чагаев и Дејвид Хеј).

Потсетуваме, вечерва во Лондон Бугаринот Кубрат Пулев ќе се соочи со четири светски појаси во тешка категорија (ВБО, ВБА, ИБФ, ИБО) против шампионот Ентони Џошуа од Велика Британија.

Средбата се очекува да започне пред полноќ по македонско време.