Вагаев го симна од тронот Абдулаев на АЦА 118 (ВИДЕО)

95

Абубакар Вагаев доминираше против Мурад Абдулаев и забележа слатка реванш победа. 27-годишниот Чеченец ја освои титулата во АЦА во полутешка категорија на АЦА 118 во Москва.

Со оваа победа Вагаев влезе во серија од четири последователни победи и му врати на Абдулаев, кој го нокаутираше пред три години. Мурад пак се раздели со титулата и серијата од две последователни победи.

Резултати – АЦА 118:
Абубакар Вагаев со одлука го победи Мурад Абдулаев
Гаџимурад Хирамагомедов со одлука го победи Георги Кичигин
Александар Сарнавски со завршница го победи Артјом Дамковски во Р1
Абдул-Рахман Дудаев со одлука го победи Павел Витрук
Устармагомед Хаџидаудов со одлука го победи Андреј Кошкин

Прелиминарни:
Беслан Ушуков со одлука го победи Вадим Шабадаш
Азамат Гафоров со одлука го победи Шарл Енрике
Абдул-Рахман Јанаев со одлука го победи Клебер Соуза
Мансур Хатуев со одлука го победи Михаил Погодин
Азамат Пшуков го победи Џосиел Силва со КО во Р1
Самвел Варданијан со одлука го победи Абубакар Местоев
Бехруз Зукуров го победи Роман Подругин со ТКО во Р2