Вајт: Сакам Чимаев да се бори, но нема виза

69

Непоразениот Чеченeц, Хамзат Чимаев, не може да чека повторно да влезе во кафезот. 26-годишниот борец направи две борби за 10 дена и успеа да ги победи со завршинца во Абу Даби. Стекна со многу навивачи по овие две победи во првата рунда. Чимаев се запиша во историјата како прв борец на УФЦ кој победил во два меча за 10 дена.

Младиот талент ги победи сите ММА битки со финиш и неговата статистика е 8-0 во кафезот. Дана Вајт стана голем фан на Чимаев и сакаше да го вклучи во УФЦ 252 овој викенд, но за жал Хамзат нема виза. Претседателот на УФЦ рече дека во моментов работат напорно за да му обезбедат виза.

„Работиме на ова прашање. Знаете дека сакам Чимаев да се бори. Го сакам во кафезот. Сакам тој да дојде во САД и да се бори. Ќе видиме што се случува. Хамзат сака да се бори и луѓето сакаат да се борат против него. Работиме на неговата виза за да го донесеме во САД. Знаете дека не е лесно сега“, изјави Вајт.

Чимаев сака да се бори почесто и веќе е во салата, но неговото враќање ќе биде одложено и веројатно ќе се случи следниот месец во Абу Даби.

https://www.instagram.com/p/CDwhBREFMZQ/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDv69IGF4Nk/?utm_source=ig_embed