Вајт покажа почит кон Поветкин по одлуката за пензионирање

131

Дилиен Вајт не се обесхрабри по повлекувањето на Александар Поветкин од професионалниот бокс.

Потсетуваме, Дилиен Вајт го нокаутира рускиот боксер во четвртата рунда на гала настанот на 27 март во Гибралтар.

Во првиот меч меѓу 41-годишниот Русин и „Крадецот на трупови“ до победата стигна Поветкин со нокаут. Мечот се оджра на 22 август 2020 година во тренинг кампот на „Мечрум“ во Брентвуд, Англија.

„Среќно пензионирање на еден од најдобрите модерни боксери во тешка категорија и голем шампион. Бог да те благослови, Александар Поветкин, уживај во следното поглавје од твојот живот и ти благодарам за двете одлични битки“, напиша Вајт на својот профил на Твитер.

Александар Поветкин ја заврши кариерата со скор од 36 победи (25 со нокаут), 1 нерешен (со Мајкл Хантер) и 3 порази (од Владимир Кличко, Ентони Џошуа и Дилиен Вајт). Рускиот боксер е олимписки шампион во супертешка категорија на Игрите во Атина, Грција, одржани во 2004 година.