Вајт незадоволен по победата на Волкановски: Имавме лошо судење…

111

Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски го совлада Макс Холовеј на УФЦ 251 настанот со што ја одбрани титулата, но на социјалните мрежи се крена голема бура за судиската одлука на крајот на мечот.

Многумина сметаат дека одлуката била контроверзна и требало Холовеј да ја добие победата, а коментар на судењето имаше и првиот човек на УФЦ, Дена Вајт.

„Имавме лошо судење“, кратко искоментира Вајт.

Се шпекулира и за трета борба меѓу борците, но засега ништо не е сигурно.