Вајлдер е повреден, се местат коцките за Џошуа-Фјури

160

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури сепак би можеле да се борат за титулата апсолутен светски шампион до крајот на годината.

Ова го потврди првиот човек на боксерот, Еди Херн, кој истакна дека Американецот Дионтеј Вајлдер во моментот е повреден и дека ова може да го отвори патот за борбата Џошуа – Фјури.

Вајлдер има закажано реванш против Фјури, кој му ја одзеде титулата шампион во ВБЦ во февруари, додека ЕЏ го има Кубрат Пулев за ривал.

„Дионтеј Вајлдер е повреден и не може да направи целосен тренинг, барем до мај. Дали ова ја загрозува неговата трета борба против Фјури? Меѓутоа, сето ова може да се промени ако Вајлдер не е подготвен да се бори против Фјури. Ако боксот се „врати“ до септември, а сите да бидат подготвени освен Вајлдер, тогаш Џошуа ќе го прескокне Пулев и ќе се бори со Фјури. Тој сака таа борба повеќе од што било”, рече Херн и додаде:

„ЕЏ е заинтересиран да ги обедини титулите. Тајсон го има преостанатиот појас и би рекол дека шансите се 50-50 и дека нивниот меч ќе се случи оваа година. Ако не оваа, тогаш шансите се 95-5 дека ќе ги гледаме во рингот на почетокот од следната година. Но, сега мора да ги решиме другите проблеми“.