Ужасно злосторство во Калифорнија: Убиен е млад талент на Мејведер на кого му се предвидуваше голема кариера!

174

Млад Американец починал на самото место, а уште две лица биле пренесени во болница.

Непоразен боксерски талент Дени Гонзалес убиен е на американскиот Ден на трудот, пренесува ТМЗ.

Дени, според сознанијата на американските медиуми, бил во долината Морено во Калифорнија на 7 септември кога некој му пришол и го погодил со неколку истрели од огнено оружје.

Според локалната полиција, 22-годишен маж починал на лице место.

Со Гонзаелс имало уште две лица, и двајцата се пренесени во блиската болница заради повредите кои не се опасни по живот.

Истрагата е во тек, осомничените сè уште се водат за исчезнати, а не е познато и кој мотив стои зад ова ужасно злосторство.

Гонзалес имаше само 18 години кога потпиша договор со Мејведер промоушнс во 2016 година, а неговата голема кариера ја предвиде можеби најдобриот боксер во историјата.

„Постојат одредени моменти кога знаете дека сте ископале злато, а ова е еден од нив“, рече Флојд Мејведер Јуниор, според ТМЗ, пред околу четири години. Додека му зборувал на младиот борец.

Гонзалес беше многу успешен аматерски боксер (96-13), кој забележа три победи од исто толку настапи, откако стана професионалец. Последниот меч го одработи во 2017 година, а потоа паузираше од спортот. Но, ТМЗ пишува дека претходно оваа година објавил порака на социјалните мрежи од која може да се заклучи дека можеби се враќа на рингот.