UWW го објави системот за избор на борачите на Олимпијадата 2016 во Рио!

oi rio 2016 borenje

Обенинетото светско борење (UWW/ОСБ) го објави системот за избор на Олимписките игри 2016 година во Рио се Женеиро.

 Во сите олимписки категории ќе се изборуваат национални норми , а не лични. Првите „лиценци“ за учество ќе треба да се освојат и доделат на 6-те најдобри борачи на Светското првенство
(7-12 септември, во Лас Вегас) во секој стил, во сите олимписки категории.
Македонија има право да учествува со четири борачи во слободен стил и еден во грчко-римски, а тоа подразбира дека нашата репрезентација не смее да води борачи во категориите што не се во олимписката програма, односно до 61 кг и 70 кг во слободен стил и 71 и 80 кг во грчко-римкси.
Втората етапа за обезбедување норма ќе бидат континенталните изборни турнири – финалистите обезбедуваат виза за Олимпијадата. Европскиот избор ќе се одржи 15-17 април 2016 година во Зрењанин (СРБ), азискиот избор18-20 март 2016 г. во Астана (КАЗ), Африка/Океанија 1-3 април 2016 г. во Алжир, Панамерикански избор 4-6 март 2016 г. во Далас (САД).

“Сепак, на континенталните шампионати (во нашиов случај Европското првенство) нема да се изборуваат лиценци за учество на Олимпијадата“.

Но, ќе има уште два светски изборни турнири на кои ќе се обезбедат лиценци за ОИ во Рио, а тоа се во Монгоилија од 22 до 24 април 2016 г. во Улан-Батор и последната шанса во Истанбул-Турција од
6 до 8 мај.

 ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...