Усман заработи најмногу по победата над Барнс

217

Камару Усман си замина со 690.000 американски долари побогат откако го нокаутира својот добар пријател Жилберт Барнс во главната борба на УФЦ 258 настанот.

УФЦ шампионот во полусредна категорија нема пораз од 2013 година. Нигерискиот кошмар е во импресивна серија од 17 последователни победи во ММА, од кои последните 13 се во УФЦ.

Предизвикувачот Барнс зема 380.000 УСД.

Кевин Гастелум, кој со едногласна одлука го победи Јан Хајниш, е трет по заработка со 165.000 долари.

Еве ги сите исплати по УФЦ 258:
Камару Усман – 690 000 УСД
Жилберт Барнс – 380 000 УСД
Кевин Гастелум – 165.000 УСД
Билал Мухамед – 114 000 УСД
Полијана Вијана – 99.000 УСД
Алекса Грасо – 83.000 УСД
Ентони Хернандез – 78.000 УСД
Жулијан Маркез – 77.500 УСД
Рики Симон – 73.000 УСД
Крис Гутиерез – 49.000 УСД
Јан Хајниш – 46.000 УСД
Брајан Калехер – 46.000 УСД
Родолфо Виеира – 43.500 УСД
Андре Евел – 35.000 УСД
Мејси Барбер – 33.000 УСД
Габриел Грин – 27.500 УСД
Диего Лима – 27 000 УСД
Маки Питоло – 24.000 УСД
Мелори Мартин – 15.500 долари
Филип Рол – 15.500 долари