Усик не дава дозвола за Џошуа-Фјури

111

Александер Усик одбива да даде зелено светло за Ентони Џошуа и Тајсон Фјури да се борат за апсолутната титула во тешка категорија, бидејќи планира да го предизвика Џошуа за ВБО титулата како прв предизвикувач.

Џошуа, кој е носител на ИБФ, ВБА и ВБО титулите и Фјури, кој го има ВБЦ појасот, лани се договорија за два меча годинава, но Украинецот смета дека заслужил шанса да се бори за титула и не планира да се откаже.

Усик го победи Дерек Чисора, со што стана прв предизвикувач на ВБО федерацијата, откако претходно се откажа од апсолутната титула во полутешка категорија и се качи категорија погоре. Ова значи дека Џошуа или треба да боксира со Усик, или треба да ја ослободи ВБО титулата.

„Денеска Усик е ВБО предизвикувач и тој не даде согласност Џошуа-Фјури да се случи пред неговиот меч за титулата. Тој е во добра форма и сака меч оваа пролет“, вели неговиот промотер Александар Красјук.