Усик: Ќе се борам со Фјури и Џошуа

69

Украинскиот боксер Александар Усик би сакал што побрзо да се бори со Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, но засега е фокусиран на Дерек Чисора.

Украинецот ги цели титулите на Џошуа, но прва желба му е да победи на овој меч.

„Фјури или Џошуа? Повеќе би се борел со Џошуа, затоа што има повеќе појаси. Имам намера да станам неприкосновен шампион во тешка категорија“, рече Усик.

„Но, сега не размислувам за борба со Ентони Џошуа. Сега мислам само на сабота. Дали сум заинтересиран за средба со Фјури? Да. Тој е убав, не мирува. Тој е одличен, боксира со сите. Мислам дека ќе се борам и со двајцата. Во различни периоди, но мислам дека ќе се бориме“, додаде Украинецот.

На 31 октомври Усик ќе се соочи со Британецот Дерек Чисора.