УФЦ се враќа: Чикадѕе и Катар го минаа мерењето (ВИДЕО)

140

Келвин Катар и Гига Чикадѕе го минаа мерењето пред првиот УФЦ настан годинава – УФЦ на ЕСПН 32, а ќе се одржи вечерва во Лас Вегас.

Двајцата борци, чиј меч е главен на настанот, застанаа на иста тежина – по 66,22 килограми. Ќе се борат во перо категорија.

Во коглавниот настан Џек Коли беше за 6 килограми потежок (119,97 кг) од противникот – Чејс Шерман (113,39 кг). Нивниот дуел е во тешка категорија.

Сите борци влегоа во нивните категории.

Еве ги сите резултати од официјалното мерење:

Главна карта:

Келвин Катар (66,22 кг) – Гига Чикадѕе (66,22 кг)

Џек Коли (119,97 кг) – Чејс Шерман (113,39 кг)

Брендан Ројвел (56,92 кг) – Рожерио Бонторин (56,92 кг)

Кејтлин Чокагјан (57,15 кг) – Џенифер Маја (57,15 кг)

Дакота Буш (70,53 кг) – Вјачеслав Боршев (70,30 кг)

Бил Алгео (65,77 кг) – Џоандерсон Брито (65,99 кг)

Прелиминарни:

Џими Пикет (83,68 кг) – Џозеф Холмс (84,14 кг)

Курт Мекги (77,11 кг) – Рамиз Брахимаи (77,33 кг)

Брајан Калахер (65,77 кг) – Кевин Крум (65,54 кг)

Чарлс Роза (70,76 кг) – Ти Џеј Браун (70,30 кг)