УФЦ планира реванш меѓу Ромеро и Вајдман

112

УФЦ планира реванш меѓу поранешниот шампион во средна категорија Крис Вајдман и поранешниот предизвикувачт Jоел Ромеро. Нивните планови беа да ги вклучат во борбената карта на УФЦ 250, закажана за 9 мај.

Во моментов нема информации за тоа дали ќе има таков настан, бидејќи УФЦ соопшти дека привремено ги прекинува настаните. Пред неколку дена стана извесно дека УФЦ 249, кој беше закажан за 18 април, нема да се одржи, затоа што ЕСПН не сакаше да учествува во реализацијата.

Значи, УФЦ 250, до кој има околу еден месец, да се надеваме дека дотогаш се ќе се среди. Малки Кауа, менаџерот на Ромеро, рече дека УФЦ понудил реванш против Вајдман, но Ромеро имал проблем со рбетот и чекале да видат дали ќе се опорави. На крајот од УФЦ им кажале да ги стават настаните во втор план, па така реваншот меѓу нив се одложува. Тие се бореа во 2016 година и Ромеро успеа да го победи со брутален нокаут во третата рунда. До денес и двајцата се во низа од прази.