Убавиците Пејџ ван Зант и Рејчел Остович ќе се пресметаат со голи раце

137

Поранешната УФЦ борачка Рејчел Остович ја продолжи кариерата во Bare Knuckle Fighting шампионатот.

Остович беше отпуштена од УФЦ во декември минатата година, но ќе продолжи да се бори во BKFC, во борба без ракавици.

На тој начин таа ги следи примерите на колешките Ребека Ролингс и Пејџ ван Зант. Токму Пејџ ќе биде нејзината прва противничка.

Воедно, тоа ќе биде и реванш по УФЦ борбата во 2019 година, кога победи Пејџ ван Зант.

Истовремено, реваншот ќе биде и прилика за Ван Зант да го поправи првичниот впечаток откако на дебито на БКФЦ во февруари беше поразена.