Три злата за билдерите на Балканското првенство во Романија (ФОТО)

68

И покрај тримесечната забрана за работа на бодибилдинг клубовите, проблемите и несигурноста во добивање на дозвола за влез во Романија и учество на Балканското првенство за 2020, националната бодибилдинг и фитнес репрезентација во мал состав, предводена од pретседателот на федерацијата, Бобан Ѓороски, на Балканското првенство во Дробета Турну Северин-Романија забележа одличен успех, три златни медали и едно четврто место!

Мери Акиевска ја потврди својата доминација на Балканското во категоријата велнес фитнес со повторен триумф, но годинава со двојна победа, кај јуниорките и во сениорска категоријата.

Драган Стојчевски дојде со цел да го подобри својот минатогодишен пласман, второто место, во што и успеа, станувајќи балкански шампион кај ветераните во категоријата физик.

Единствено за Мартин Манасиевски несигурниот период од короната остави белег во неговата форма. Ова е негов прв настап на Балканско без медал. Тој се пласира на четвртата позиција во категоријата бодибилдинг до 70 кг.