Мек Грегор-Пориер 3 презакажан за јули

105

Третата борба меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер ќе се одржи во јули. Веста ја сподели Ариел Хелвани на социјалните мрежи. Плановите на УФЦ беа трилогијата да се одржи во мај, но работите тргнаа наопаку и сега датумот е 10 јули.

Локацијата не е позната, но веројатно повторно ќе биде на островот Јас во Абу Даби. На крајот на јануари ја видовме нивната втора борба во лесна категорија. Големата борба се одигра во Абу Даби и во неа Пориер го победи со нокаут во средината на втората рунда.

Така, Дастин и Конор имаат по една победа со нокаут, а трилогијата ќе реши сè. Хабиб Нурмагомедов веќе се повлече од ММА и наскоро титулата во лесна категорија ќе добие нов сопственик.

Победникот на мечот меѓу Пориер и Мек Грегор сигурно ќе добие шанса да се бори за појасот, а Мајкл Чендлер и Чарлс Оливеира ќе се борат за ослободената титула.


0