Третата борба на Фјури и Вајлдер нема да се одржи во САД или Велика Британија: Би изгубиле 17 милиони долари

62

Боб Арум се надева дека третата борба меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер ќе се одржи во ноември или декември.

Британскиот копромотор смета дека во моментов се мали шансите новиот меч за титулата во тешка категорија на ВБЦ да се одржи во САД или Велика Британија.

Ограничувањата поради коронавирусот може да ги спречат навивачите да доаѓаат на спортски натпревари до крајот на годината.

Со тоа би изгубиле многу пари од продажба на билети.

Арум вели дека имал разговорите со инвеститори од две неименувани држави кои се заинтересирани да обезбедат услови за одржување на плати па гледај настан.

„Имаме понуди од две држави кои ги разгледуваме. И кога ќе станат поконкретни за тоа што може да се случи во следната недела или две, ќе ги пренесеме на луѓето од ПБЦ затоа што тие се наши партнери во оваа промоција. И се надевам дека тогаш ќе можеме тоа официјално да го објавиме. Во моментот, планираме борбата да ја одржиме во последниот квартал од оваа година, најверојатно надвор од САД и Велика Британија“.

Приходите од продажба на билети за реваншот помеѓу Фјури и Вајлдер во Лас Вегас во февруари беа скоро 17 милиони долари.

Арум е подготвен да организира повеќе настани без гледачи, вклучително и борбата за титулата во лесна категорија меѓу Васил Ломаченко и Теофим Лопез.

Но, третиот меч на Вајлдер и Фјури е исклучок, бидејќи загубата од одржувањето на настанот без гледачи би била преголема.

„Не може да организирате настан а да не надополните 17 милиони долари од продажба на билети, кои во тој случај ги губите. Не можете да го правите тоа“, рече Арум.

Промоторите имаат намера да ги надополнат со сума што ќе ја плати домаќинот за да го одржат настанот на негова локација.