Тренерот на Вајлдер: Ќе биде непријатна вечер за Вајлдер

156

Актуелниот главен тренер на Дионтеј Вајлдер – Малик Скот е на мислење дека неговиот боксер ќе го добие третиот меч со актуелниот светски шампион на ВБЦ – Тајсон Фјури.

„Со мојот менталитет и моето искуство и мојот боксерски интелект, во комбинација со нашата хемија, во комбинација со сè што тој перципира и учи сега – ќе биде непријатна, непријатна вечер за Фјури, кога ќе се случи оваа трета борба“, открил Скот за БоксИнсајдер.

Потсетуваме, Вајлдер ја загуби светската титула во вториот меч со Тајсон Фјури на 22 февруари 2020 година. Првиот меч заврши без победник.

„По поразот од Фјури, околу 3 или околу 4 часот наутро, тој беше некаде таму. Веќе бевме на потег, разговаравме што треба да направиме сега.

Веднаш планираше: „Брат, ти си сега мој главен тренер“. Од првиот ден знаевме дека треба да направиме прилагодувања и да поставиме одредени работи што сакавме да ги направиме на нивно место.

Ова работи совршено, затоа што мислам дека една од најважните работи помеѓу борец и тренер не е предавање и учење, туку хемија“, додаде Скот.

Дионтеј Вајлдер има биланс од 42 победи, 1 нерешен резултат (во првиот судир со Тајсон Фјури) и 1 пораз (од Фјури – во вториот меч за титулата на ВБЦ). Тој доби 41 меч со нокаут.

Тајсон Фјури има биланс од 30 победи и само 1 нерешен резултат на професионалната боксерска сцена. Тој, како и Вајлдер, не влезе во рингот од вториот меѓусебен меч.