Трансформација на емоциите пред предизвиците што доаѓаат

106

Изолација поради Ковид-19, предизборната кампања, скратување на активностите се премногу причини кои, и тоа како, влијаат на нашето расположение. Природата е вистинскиото место каде што негативните емоции лесно се трансформираат во позитивни, затоа тренерот на Карате клубот Кеикс Елвир Куртановиќ порачува доколку имате можност дружете се со природата.

„Ми недостасуваат многу редовни работи и навики а најмногу клубот и моите спортисти. Колку ќе потрае ова, никој со сигурност не може да каже, па затоа мораме да бараме алтернативни решенија, како што се онлајне тренинзите и се разбира посетата на природата. На овие висини се работи на висока фреквенција и многу помага во справувањето со секојдневието кое веќе подолг (поради вирусот Ковид-19) период многу не  загрижува сите нас. Се разбира, вака ќе успееме да ја задржиме и формата и мотивот за она што ни следи по завршувањето на оваа изолација“, порача Куртановиќ од Црн камен на Скопска Црна гора кое на надморска висина од 1660 м.