Тони Белју: Ентони Џошуа донесе нешто ново во боксот, како што правеше претходно Мухамед Али

Поранешниот светски шампион во крузер категорија, Тони Белју, рече дека Ентони Џошуа промени некои односи во боксот и на некој начин го спореди со Мухамед Али и неговото влијание врз спортот.

Белју истакнува дека Еј Џеј го довел боксот на високо ниво и дека на многу британски боксери им го олеснил патот низ професионалната кариера.

„Ентони Џошуа го доведе боксот на ниво на кое никогаш не бил. Тој е тој што приредува шоу од натпревар во натпревар. Тоа момче е првиот човек што го однел боксот во пустина, во Саудиска Арабија. Отвори пазар кој досега не бил допрен“, рече Тони Белју и продолжи:

„Не сакам да го споредувам Еј Џеј со Мухамед Али, но донесе нешто ново во боксот. Џошуа го направи она што Мухамед Али го правеше претходно. Ја промени борбата и направи многу за британските борци. Бев тука пред да стане професионалец, го видов неговиот подем и промените што дојдоа со него“.

Ентони Џошуа во професионалните редови влезе пред десет години, а во текот на кариерата забележа 25 победи, а има и три порази.

Во последните шест меча загуби три борби, против Енди Руиз Јуниор и двапати од Александар Усик.

На почетокот на април со одлука на судиите го совлада Американецот Џермејн Френклин.

„ Џошуа ужива медиумско внимание од 2012 година и само реди успеси. Она што другите го постигнуваат и градат, некои сакаат само да го уништат и урнат. Кога не успеете, сите добиваат желба да ве срамнат уште повеќе. Џошуа беше целосно психички исцрпен и ментално истрошен“, заклучил Тони Белју.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON