Томпсон доминираше и го декласира Нил, Алдо ја прекина серијата порази

137

Најсилната ММА организација успеа да го протурка последниот настан годинава со бројни откажувања.

Стивен Томпсон (16-4-1) убедливо го победи Џеоф Нил (13-3) на поени на настанот УФЦ Фајт најт во Лас Вегас.

Вондербој доминираше во целата борба и го декласира седум години помладиот Нил. Томпсон го уништи и победи во сите пет рунди.

На крајот, му избројаа рекордни 140 удари за Стивен и 108 за Џеоф.

Нил не го оправда прекарот „Рака од челик“, а најголемата штета што му ја нанесе на лицето на ветеранот на УФЦ е еден случен удар во главата.

Вондербој упати повеќе удари, а Нил имаше мала агресија и се движеше слабо, а беше пасивен кога се бранеше.

Томпсон најави дека ќе се обиде да го нападне шампионскиот појас во полутешка категорија, кој моментално го држи непоразениот Камара Усман.

Во подглавната борба на вечерта, легендарниот ММА борец 34-годишниот Жозе Алдо го победи со едногласна одлука на судиите Марлон Вера и со тоа ја прекина серијата од три порази.

Тоа беше прва победа на Бразилецот во бантам категорија.

Алдо ги освои првата и третата, додека Вера беше подобар во втората рунда. Крајот на борбата беше досаден, бидејќи Бразилецот се фати за грбот на Вера и не го пушташе до крајот.

Бразилецот по борбата го прозва поранешниот шампион Т.J. Дилшоу, кој треба да се врати наскоро по истекот на суспензијата за допинг.

Во судирот меѓу Бразилецот Мишел Переира и Американецот Хаос Вилијамс, навивачите останаа изневерени, затоа што покажаа малку, а се очекуваше повеќе.

На крајот, Бразилецот славеше со едногласна одлука на судиите, што изненади многумина, бидејќи Вилијамс имаше неколку значајни удари.

Очигледно Переира „украде“ два или три удари со борење на крајот од секоја рунда.

Роб Фонт го шокираше Марлон Мораеш со технички нокаут во првата рунда.

Фонт со неколку удари го здрма Мораеш и продолжи да го притиска додека не го сруши на партер, а потоа ја заврши борбата со граунд и паунд удари.

Развојот на мечот изненади многумина, бидејќи Мораеш се бореше за титулата до пред година и пол, а Фонт не беше ниту во првите десет во пресрет на тој дуел.

Во тешкашката пресметка Полјакот Марцин Тибура славеше со технички нокаут во втората рунда против поранешната НФЛ ѕвезда, Американецот Грег Харди.

Полскиот борец едвај ја преживеа првата рунда, а подоцна сè се сврте.

Харди го имаше Тибура во првата рунда, го здрма и постојано го удираше покрај оградата. Се чинеше дека Полјакот нема да се извлече.

По паузата, Марцин го собори Американецот кој не знаеше како да одговори на ударите на Полјакот, па се предаде.

Резултати, УФЦ Фајт најт 183:
Стивен Томпсон – Џеоф Нил – едногласна одлука на судиите (три пати 50-45)
Жозе Алдо – Марлон Вера – едногласна одлука на судиите (три пати 29-28)
Мишел Переира – Хаос Вилијамс – едногласна одлука (три пати 29-28)
Роб Фонт – Марлон Мораеш – ТКО, Р1 3:47
Марцин Тибура – Грег Харди – ТКО, Р2 4:31

Воведни борби:
Ентони Петис – Алекс Мороно – едногласна одлука на судиите (три пати 29-28)
Пани Кијанзад – Сијара Јубенк – едногласна одлука на судиите (трипати 29-28)
Дерон Вин – Антонио Аројо – едногласна одлука на судиите (три пати 29-28)
Таила Сантос – Џилијан Робертсон – едногласна одлука на судиите (30-26, 30-26, 29-28)
Тафон Нчукви – Џејми Пикет – едногласна одлука (30-25, 30-26, 30-26)
Џими Флик – Коди Дурден – ЗАВ (давење со летачки триаголник) Р1, 3:18
Христос Гијагос – Карлтон Минус – едногласна одлука (30-26, 29-27, 29-28)