Токио ќе се откаже од Олимпијадата, ако се откаже уште еднаш

279

Токио нема план „Б“ доколку се случи уште едно принудно одложување на Олимпијадата.

Маса Такаја, портпарол на Организацискиот комитет, рече дека работата во Токио продолжува со претпоставката дека Игрите ќе започнат на 23 јули 2021 година, по што ќе следуваат и Параолимписките игри од 24 август. Овие датуми беа поставени минатиот месец од страна на Меѓународниот олимписки комитет и од јапонските организатори, откако пандемијата „Ковид-19“ принуди одложување на Игрите за една година.

„Ние работиме на новиот термин. Ако дојде до некое ново одложување немаме други планови, ниту можности за организација на Игрите“, изјави Такаја.