Теофимо Лопез: Ќе го нокаутирам Ломаченко и во втора битка

155

Шампионот во лесна категорија Теофимо Лопез верува дека поранешниот шампион Васил Ломаченко е целосен губитник. Тие се бореа за титулите на крајот на 2020 година и Лопез со одлука на судиите го победи.

Така, му ги одзеде титулите на Ломаченко и му го нанесе вториот пораз во професионалната кариера. Ломаченко постојано повикуваше на итен реванш, но Лопез го игнорираше.

Теофимо нема желба за втор меч, а беше поддржан од неговиот татко во оваа одлука. За неколку дена Лопез ќе се бори против Џорџ Камбозос Јуниор, а на крајот на месецот Ломаченко ќе се бори со Масајоши Накатани.

Нејасно е дали во иднина ќе гледаме втора борба меѓу Лопез и Ломаченко. Во интервју за ДАЗН изјави:

„Ломаченко не знае како да го прифати поразот. Тој е целосен губитник. Тоа е се. Јас го победив чисто. Ако пак се борам, тогаш ќе го нокаутирам. Васил го знае тоа. Му го зедов срцето“.