Таткото на Фјури смета дека Вајлдер нема шанси против неговиот син

114

Трилогијата меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер завршува на 9 октомври во Лас Вегас. „Ромскиот крал“ ќе го брани појасот на ВБЦ што го освои во февруари минатата година во Т-Мобиле арената, кога го победи Американецот со прекин во седмата рунда.

Фјури и Вајлдер за првпат се бореа во декември 2018 година, а дуелот заврши нерешено.

Неодамна, тренерот на Вајлдер, Малик Скот рече дека Дионтеј е во одлична форма:

„Тренира сто пати потешко од порано и тој стариот Вајлдер ќе го нокаутираше во две рунди. Тренира напорно и се изгледа многу насилно. Ќе биде добро подготвен, најдобро во кариерата.

Џон Фјури, таткото на Кралот на Ромите, верува дека Дионтеј Вајлдер не е закана за неговиот син.

„Тајсон сака меч против Џошуа во декември. Ако правиме се како што треба, Вајлдер нема да биде проблем, тој не е закана за него. Тајсон го победи двапати“, Џон Фјури и додаде:

„Вајлдер има силен удар и тоа е се што може да понуди. Го познаваме добро и воопшто не се плашиме. Но, сега е важно прво да го победи Вајлдер, а потоа на ред е Џошуа“.

Но, и Ентони Џошуа има обврски. Светскиот шампион ги брани титулите на ИБФ, ВБО и ВБА во тешка категорија против украинскиот предизвикувач Александар Усик на 25 септември на стадионот Тотенхем во Лондон.