Татко му Тајсон Фјури: Се обложувам на сè што поседувам, син ми ќе го победи Џошуа

96

Tаткото му на Тајсон Фјури, Џон Фјури вели дека ќе се обложи на сè што поседува на победа на неговиот син во дуел против Ентони Џошуа. Бокс-спектаклот кој се очекува со нетрпение и веројатно ќе се случи во 2021 година доби интересен заплет со тоа што Џон му понуди кладба на промотерот на Џошуа, Еди Херн.

„Дајте ни го Џошуа, а јас ќе се обложам на сè што имам во победа на Тајсон. Ќе се обложам со Херн и ќе го оставам без работа. Сите боксери знаат дека никој не може да го победи Тајсон“, истакна Џон Фјури.

Евентуална борба на британските боксери би го одредила апсолутниот светски првак во тешка категорија, но и двајцата прво треба да ги одмерат силите со Дејтон Валјдер, односно Кубрат Пулев, пред да ги вкрстат ракавиците за титулите во тешка категорија.