Татко му на Хабиб ќе биде погребан во родното село

100

Локалните водачи на Дагестан велат дека таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, ќе биде погребан во неговото родно село Кироваул.

Завчера попладне, Абдулманап го напушти овој свет на 57-годишна возраст по долгата борба за неговиот живот. На почетокот на април, Абдулманап заболе од коронавирусот, што доведе до нови проблеми со срцето.

Имаше  успешна операција на срцето, но претрпе два удари во последните неколку дена и тоа беше фатално. Илјаз Хазиев, еден од водачите во Дагестан, вели дека луѓето веќе се собираат за погребот, што според исламската традиција е добро да се направи што е можно поскоро.

„Вчера браќата отидоа на аеродромот и ќе го донесат телото. Тој ќе биде погребан веднаш штом ќе биде донесен во родното село Кироваул. Роднините веќе пристигнаа и се собираат. Се разбира, ќе дојдат уште многу луѓе.

Пристигнаа раководителите на областа и рекоа дека не е добро да се формира голема толпа. Се согласија со браќата Нурмагомедов дека погребот нема да биде голем, затоа што многу нивни роднини имаат коронавирус. Ќlе има само 10 луѓе, најблиските“, рече Хазиев.

https://www.instagram.com/p/CCLmluNJi70/?utm_source=ig_embed

.