Тамара, Симона и Ивана на денешен ден го освоија првиот сениорски медал на ЕП

346

На денешен ден пред 15 години е освоен првиот сениорски медал на европските и светските карате првенства во независна Македонија. На 14 мај 2005 година во Тенерифе – Шпанија, женскиот ката тим го освои бронзениот медал. Овој медал е запишан со златни букви во македонската карате историја.

Женскиот ката тим во состав Тамара Рибарска, Симона (Тасевска) Трајкоска и Ивана Димитрова под водство на нивниот тренер и селектор, шихан Живко Тасевски го освои првиот сениорски медал за Македонија на Европското првенство во Тенерифе, Шпанија.