Таеквондо репрезентацијата со светската елита на олимписки камп во Белград

146

Нашите најдобри репрезентативци и носители на одличја од големите меѓународни натпреварувања Дејан Георгиевски и Филип Додевски, заедно со претседателот  на Македонската таеквондо федерација (МТФ) и селекторр Борче Костовски  беа неколку дневен врвен олимпискио камп во Белград.

Учеството на кампот е по покана на еден од најдобрите тренери во светот, спортскиот директор и селектор на српската таеквондо репрезентација Драган Јовиќ – Гале.

„На овој камп учествуваа светскиот шампион од Иран, Махди Кодабакши, светскиот медалист и носител на олимписка норма за Токио 2021 Иван Трајковиќ од Словенија, светскиот медалист и носител на олимписка норма за Токио 2021 Икардо Мигел од Бразил, олимписката шампионка Милица Мандиќ, светската шампионка и олимписко сребро Тијана Богдановиќ, светскиот шампион Вања Станковиќ, Милена Титонели со олимписка норма и медал од светско првенство“, велат од МТФ и нагласуваат:

„Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Филип Додевски на овој камп вистински и рамноправно се носеа со наведената олимписка елита“.

Македонската таеквондо федерација во идниот период ќе продолжи да учествува на елитни таеквондо кампови се со цел изострување на спортската борбена форма која, како што велат од МТФ, ако даде Господ, ќе ни донесе олимписки одличја.

Ipon.mk