Таеквондистите на Хулк освоија 9 медали на „Херкулес гејмс“ во Белград (ФОТО)

555

Изминатиов викенд Хулк таеквондо академија учествуваше на натпреварот “Херкулес гејмс” во Белград и освои 9 медали – 1 златен, 1 сребрен и 7 бронзени.

Медалите ги освоија:

Христијан Симоновски – златен медал – со три убедливи победи над противници од Србија, Црна Гора и Унгарија;

Дамјан Властевски –сребрен медал;

Бронзени медали – Блага Цветковска, Михаела Велковска, Ангел Јовановски, Стефани Трајчевска, Мартин Савовски, Миле Ваневски и Михаела Гаврилова.

На натпреварот имаше повеќе од 500 натпреварувачи од 10 земји.

„Тимот продолжува со секојдневните тренинзи. Тренерите работат посветено и во тек се подготовките за Стара Загора –Бугарија“, вели тренерот Филип Анастасовски.