Тајсон: Стравувам да не се вратам на наркотиците

81

Стравот од враќање на дрогата го држи Мајк Тајсон на прсти.

Легендата се подготвува да се врати во рингот против Рој Џонс Јуниор на крајот на ноември, чувствувајќи се добро и во одлична форма. Ова е она што води кон идејата дека тој може да биде во искушение повторно да посегне по опијати.

„Сега сум чист. Се чувствувам совршено – трчам, тренирам напорно, се хранам здраво. Се е во ред. Но, си велам: „Што може да се случи да ме натера да почнам повторно? Што може да ме натера да посакам да земам кокаин? Што може да се случи? Сега се чувствувам неповредливо, па, што може да се случи? Зошто воопшто размислувам за такво нешто?“ Бидејќи ова е еден од моите најголеми стравови – повторно да почнам да се тресам. Да излезам и да се размавтам со луѓе што не ги ни познавам, да го оставам животот во рацете на странци“, призна Железниот Мајк.