Тајсон откри зошто го гризнал Холифилд

60

Мајк Тајсон се наврати во еден од најпознатите иконски моменти во неговата контроверзна и славна кариера во рингот – гризнувањето на Ивандер Холифилд и ги откри мотивите за неговата историска акција.

На 28 јуни 1997 година, двете суперsвезди во тешка категорија се соочија по втор пат откако Холифилд победи со нокаут во 11-тата рунда во октомври претходната година. Тајсон го загуби и вториот меч откако му одгриза дел од увото на противникот и беше дисквалификуван. Во интервју за Фокс њуз, Железниот Мајк откри што го натерало да дејствува на овој чуден начин.

„Го гризнав затоа што сакав да го убијам. Бев бесен што ме туркаше така во главата. Навистина не бев свесен целата борба. Ме извади од планот за бората и сè што подготвив“, се присетува Тајсон.

На прашањето дали повторно би направил такво нешто, Диносаурусот кратко одговори.

„Се надевам дека не. Велам: „Не, никогаш повеќе нема да го сторам тоа. Но, можам и да го направам тоа. Ако го направи она што го стори пред да го гризнам, веројатно пак ќе го направам тоа“.

Мајк Тајсон ќе се врати во рингот против друга легенда – Рој Џонс Јуниор, во егзебициски меч на 28 ноември.