Тајсон „откачи“: Моето его се крева, ќе се борам со кој било!

123

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон се спрема за враќање во рингот.

Популарниот Железен Мајк има 53 години, но неколку недели помина тренирајќи за да се врати во рингот и да одработи неколку хуманитарни борби од по 3-4 рунди. Се започна тивко, но се повеќе се зборува за ова и изгледа неговото враќање ќе биде реалност.

„Едноставно уживам во тоа што изгледам добро и што го покажувам своето тело. Се е можно. Моето его почнува да се крева. Постојат многу работи на кои се надевам во иднина“, изјави Мајк за „ТМЗ Спорт“.

Шенон Бригс вчера потврди дека ќе биде негов противник.

„Разговарав со Мајк Тајсон. Да, одиме на борба, официјално е. Ќе биде тоа вистинска борба, ќе оставиме нашите тупаници да зборуваат“, изјави Бриџс.

Претходно многу се пишуваше и за трета борба со Ивандер Холифилд.

Тајсон има јасна порака.

„Сите кои сакаат да придонесат и да помогнат во добротворната организација ги предизвикувам на борба“, порача Тајсон.